Statuti

С Т А Т У Т на Здружението – ОТИ ГРУП –

 

Врз основа на член 18, 23 и 104 од Законот за здруженија и фондации на РСМ ( Сл. Весник 52/10 и 135/11), Собранието на Здружението за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје со седиште на ул. 8-ма Ударна бригада бр. 20б, Центар, Скопје, на сединцата одржана на ден 14.10.2019 година, го донесе следниот:

С Т А Т У Т
на Здружение за организирање на транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје
(пречистен текст)

1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

 

ЧЛЕН 1

Со одредбите од овој закон се уредуваат прашања поврзани со основањето и работењето на Здружението за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје ( во натамошниот текст Здружение).

Со овој статут особено се уредуваат:

• назив и седиште;
• печат, штембил, лого и слоган;
• начела на Здружението;
• целите и задачите на Здружението;
• услови и начин на зачленување во Здружението и права, обврски, одговорности на членовите на Здружението;
• средства на Здружението, начин на стекнување и располагање;
• престанок на здружението и располагање со имотот во случај на престанок;
• измени и дополнувања на Статутот на Здружението; и
• завршни одредби.

 

ЧЛЕН 2

Со Статутот може да се уредат и други прашања од важност за работењето на Здружението, во согласност со законот и одредбите на овој Статут.

2. НАЗИВ И СЕДИШТЕ

 

ЧЛЕН 3

Називот на Здружението е:
„ Здружение за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје“

Скратен назив на Здружението е:
„ ОТИ ГРУП Скопје“

Во комуникација со организации институции од странство Здружението ќе го користи името со следниот назив:
“Организатион фор Транспарент информинг – ОТИ Гроуп”

 

ЧЛЕН 4

Седиштето на Здружението е во Скопје на ул. 8-ма Ударна бригада бр. 20б, Центар, Скопје, Република Северна Македонија.

3. ПЕЧАТ, ШТЕМБИЛ И ЛОГО

 

ЧЛЕН 5

Здружението има печат и штембил.
Печатот го содржи називот на Здружението и логото на Здружението.
Штембилот го содржи називот, седиштето на Здружението, дел за деловодниот број, датум и место.

 

ЧЛЕН 6

Здружението ќе користи лого.
Здружението има свое лого, кое го утврдува и донесува застапникот на Здружението.

4. НАЧЕЛА НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 7

Здружението – (Здружение за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје, во натамошниот текст Здружението) е независно, самостојно, непартиско, непрофитабилно здружение на граѓани во кое членуваат граѓани (кои ги исполнуваат законските услови) кои во неа ги остваруваат своите лични права и заеднички интерси утврдени со овој статут, а во соглесност со Уставот и Законот.

 

ЧЛЕН 8

Здружението има својство на правно лице со права, должности и одговорности утврдени со овој Статут и законот за здруженијиа и фондации.
Здружението е самостојно во организирање и остварување на своите цели, задачи и активности во согласност со овој Статут, Законите и Уставот на РСМ.

 

ЧЛЕН 9

Здружението ќе има седиште во Скопје, а ќе дејствува на цела територија на РСМ и пошироко. Здружението со посебна одлука на Управниот одбор, може да основа и организациони единици и Комисии.
Работата на организационите едниници и Комисиите може да биде уредена со Деловодник за работа, кој мора да биде во согласност со Статутот на Здружението. Здружението може да развива различни облици на соработка со други организации од најразлични профили и асоцијации од земјата и странство.

 

ЧЛЕН 10

Работата на Здружението е јавна.
Јавноста при работата се остварува преку транспарентно објавување на статутот и другите акти на Здружението, тековни и планирани активности и слично, преку повремени публикувања на печатени материјали и известувања преку средства за јавно информирање, како за членовите, така и за заинтересираните за работата на Здружението или на друг погоден начин правење достапни до јавноста.
Здружението може да има веб страна преку кој ќе се обезбеди јавност во работењето. Здружението е должно годишниот извештај за работата и финансиски извештај, кои се усвоени на Собрание, да ги објави на веб страната односно на соодветен начин да ги направи достапни до јавноста, најдоцна до 30 Април за претходната година.

Здружението обезбедува известување на јавноста преку:
• Обезбедување на непречено присуство на нејзините членови на седниците на органите и телата на Здружението;
• Достапност на извештаите и другите материјали до членовите и заинтересираните лица и
• На друг начин со одлука на управен одбор.

 

ЧЛЕН 11

Здружението ги искажува на погоден начин и ги промовира своите ставови и мислења за прашања согласно утврдените цели и задачи на Здружението, поведува иницијативи и учествува во градење на јавно мислење и креирање на политиките.

5. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 12

Основни цели и задачи на Здружението се:
• Унапредување на медиумите;
• Унапредување на интернет информирањето;
• Развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права;
• Развој на демократија и цивилно општество;
• Поддршка на програми за млади новинари;

 

ЧЛЕН 13

Своите цели и задачи Здружението ќе ги остварува преку следните дејности:
• Остварување на конкретни програмски активности;
• Спроведување на заеднички проекти во соработка со организации од земјата, регионот и пошироко;
• Организирање на заеднички проекти, трибини, научни советувања и форуми, соработка со експерти од соодветни сфери;
• Соработка со надлежни државни институции;
• Креација на инттерактивен веб сајт на кој ќе бидат изложени сите активности на Здружението;
• Вршење и други работи во соглесност со овој Статут, Законите и Уставот на РСМ.

6. УСЛОВИ И НАЧИН НА ЗАЧЛЕНУВАЊЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО И ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 14

Во Здружението може да членува секој, кој ги исполнува законските услови и ги прифаќа целите и задачите на Здружението.
Член на Здружението може да биде лице кое е државјанин на Република Северна Македонија и странски државјанин.
Член на Здружението се станува со потпишување на пристапница.
Членството на Здружението е слободно и доброволно.

 

ЧЛЕН 15

Основни принципи на дејствување на членовите на Здружението се:

• Се почитува автономијата и самостојноста на секој член на Здружението;
• Сите членови на Здружението се рамноправни и еднакви во остварувањето на правата и обврските;
• Еднаквоста во слободата, правата и обврските на секој член без разлика на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичко и верско уверување, имотната и општествената состојба.

 

ЧЛЕН 16

Членството во Здружението претстанува по сопствено барање или со исклучување. Основи за исклучување се:
• На плаќање редовно чланарина;
• Не почитување на Статутот и другите интерни акти на Здружението;
• Не активно учество во органите на Здружението;
• Не почитување на другите членови во Здружението;
За исклучување одлучува Собранието по предлог на Управниот одбор или на 1/3 од членовите на Здружението. За исклучување на член по основ на непочитување на другите членови во Здружението, одлуката се донесува со 2/3 мнозинство од сите членови на Здружението.

 

ЧЛЕН 17

Правата и обврските на членовите на Здружението се:

• Да раководи со работата на Здружението, да ги избира органите и телата на Здружението и да вршат надзор над нивната работа.
• Да покренат иницијатива, предлози заради остварување на целите и задачите на Здружението;
• Да се придржуваат до овој Статут и актите на органите и телата на Здружението;
• Да дејствуваат во интерес на Здружението и во правец на зголемување на неговиот углед;
• Да вршат други работи кои се во согласност со Статутот на Здружението и важечките законски норми во РСМ.

 

ЧЛЕН 18

Одговорност на членовите на Здружението се утврдува врз основа на превземените обврски и надлежности во согласност со овој статут.

7. ОРГАНИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 19

Органи на Здружението се:
• Собрание;
• Управен одбор;
• Претседател;
• Надзорен одбор.

7.1 СОБРАНИЕ

 

ЧЛЕН 20

Собранието е колективен орган на Здружението, составено од сите членови.
Собранието работи на седници на кои претседава Претседател на Здружението. Организацијата и работата на Собранието се уредува со овој Статут, а Управниот одбор на Здружението може да донесе и Деловодник за работа на Собранието.

 

ЧЛЕН 21

Собранието работи на седници, кои се одржуваат најмалку еднаш годишно. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Здружението по сопствена иницијатива. Седница на Собранието може да свикаат и 1/3 од членовите на Управниот одбор. Вонредна седница на Собранието може да се одржи по барање на една третина на членовите на Здружението. Вонредна седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.

 

ЧЛЕН 22

Собранието може полноважно да работи и да одлучува доколку на Собранието присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на членовите. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните членови, доколку за одредени прашања не е предвидено поинакво мнозинство со овој Статут.
За работата на Собранието се води записник што го потпишува Претседавачот на седницата, записничар и двајца заверувачи на записникот.

 

ЧЛЕН 23

Собранието на Здружението ги има следниве права, должности и одговорности:
• Донесува статут и Програма на Здружението;
• Врши измени и дополнувања на статутот и Програмата;
• Усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и ги објавува на својата веб страна односно ги прави достапни на друг погоден начин;
• Доставува финансиски извештај до надлежни органи на државата управа, односно до органите на општината, општините на град скопје и Град Скопје, во случај кога користи средства од Буџетот на РМ, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа;
• Одлучува за промена на целта на Здружението;
• Одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението;
• Избира и разрешува Претседател на Здружението;
• Избира и разрешува членови на Управниот одбор на Здружението;
• Одлучува за престанок на Здружението со 2/3 мнозинство гласови од сите членови на Здружението;
• Одлучува за други работи кои не се во надлежност на други органи на Здружението;
• Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се утврдени со закон, со друг пропис или овој Статут и други интерни акти на Здружението.

 

ЧЛЕН 24

Собранието може да работи и донесува одлуки без присуство на членовите. Иницијативата за одржување на Собрание, без присуство на членовите е иста како и за одржување на Собрание на Здружението.
Членовите на Здружението гласаат со писмено потпишување на изјава со која се одлучува за или против предлогот на одлуката. Изјавата содржи предлог на одлуката, образложение, како и потребното мнозинство за нејзино донесување.
Одлуката се смета за донесена ако е потпишана во рок од 15 дена од денот на донесувањето на изјавата со предлог одлуката, од повеќе од половина членови на Здружението, освен ако се работи за прашања за кои со овој статут е предвидено друго.
Доколку одлуката не се донесе, од причина што за неа писмено не се изјасниле доволен број на членови на Здружението, Претседателот за нејзино донесување свикува Собрание.

 

ЧЛЕН 25

Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Управниот одбор на Здружението, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.

7.2 УПРАВЕН ОДБОР

 

ЧЛЕН 26

Управниот одбор се состои од 9 членови, именувани за период од 4 години, со право да бидат повторно избрани.
За член на Управен одбор може да биде именуван секој член на Здружението, како и надворешни лица кои со своето знаење и искуство ќе допринесат кон квалитетно остварување на целите и задачите на Здружението.

 

ЧЛЕН 27

Управниот одбор или негов член можат да бидат отповикани – разрешени од функцијата и пред истекот на периодот за кој се именувани со одлука на Собранието, и тоа:

• По сила на закон;
• По сопствено барање;
• Доколку бидат констатирани недостатоци во извршувањето на поставените обврски и задачи, непридржување кон одлуките на Собранието и овој Статут.

 

ЧЛЕН 28

Седниците на Управниот одбор ги свикува и со нив раководи Претседателот на Здружението.
Седница на Управниот одбор може да свикаат и 1/3 од членовите на Управниот одбор.

 

ЧЛЕН 29

Управниот одбор полноважно може да работи и одлулучува доколку на седницата присуствуваат повеќе од половината од вкупниот број на членовите.
Управниот одбор своите одлуки ги донесува со јавно гласање со мнозинство од присутните членови, доколку со овој Статут не е предвидено поинаку.
За работата на Управниот одбор се води Записник кој се усвојува на наредната седница, а го потпишуваат Претседателот на Здружението и записничарот.

 

ЧЛЕН 30

Управниот одбор ги има следните права, должности и одговорности:

• Го именува и разрешува Потпретседателот и Секретарот на Здружението од редот на членовите на Здружението;
• Ги подготвува седниците на Собранието на Здружението;
• Го подготвува нацртот на статутот и другите одлуки што треба да ги донесе собранието;
• Му предлага ставови и заклучоци на Собранието;
• Раководи и се грижи за целосно тековно работење на Здружението;
• Одлучува за висината на чланарината;
• Дава упатства и инструкции за работата на Претседателот на Здружението;
• Ги гради и реализира ставовите на Здружението;
• Ги реализира заклучоците на Собранието;
• Превзема и реализира активности во согласност со целите на Здружението;
• Управува и одговара за управување со имотот на Здружението;
• Подготвува годишен или периодичен извештај за својата работа, на барање на Собранието на Здружението;
• Има право да донесе Деловник за својата работа, за работата на Собранието и другите органи и комисии на Здружението;
• Има право да донесува правилници и други и акти во интерес на остварување на целите на Здружението;
• Одлучува по барање од членовите на Здружението;
• Формира комисии и работни тела за извршување на работите од својата надлежност;
• Формира и стручни служби и врши контрола врз нивните активности;
• По потреба донесува годишен план и програма за работа;
• Изготвува годишен извештај за работа и финансиски извештај, кои ги доставува до Собранието на усвојување;
• Управува и одговара за управување со имотот на Здружението;
• Дава предлог за внатрешна организација и организациони форми на органите на Здружението;
• Одлучува за здружување или разделување од друго Здружение или за зачленување во сојуз и меѓународни организации;
• Одлучува за основање и укинување на организациони единици, ограноци и други облици на организирање на Здружението;
• Врши и други работи кои со овој Статут не се во надлежност на Собранието или Претседателот на Здружението;
• Именува потписник-ци на жиро – сметката на Здружението и
• Извршува и други работи што му ги довери Собранието на Здружението и што произлегуваат од овој Статут.

7.3. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 32

Здружението има Претседател.
Председателот на Здружението своите права и должности ги врши врз основа на овој Статут и актите на Собранието.
Во случај на привремена спреченост на Претседателот на Здружението, него го заменува член од управниот одбро овластен од него.

 

ЧЛЕН 33

Кандидат за Претседател на Здружението може да предложат најмалку двајца членово на Собранието на Здружението.
Мандатот на Претседателот на Здружението трае 4 години, со право на реизбор.

 

ЧЛЕН 34

Претседателот на Здружението ги има следните права, должности и одговорности:

• Свикува седници на Собранието и Управниот одбор
• Ја спроведува политиката на Здружението
• Го преставува и застапува Здружението
• Го координира функционирањето на Здружението
• Се грижи за спроведувањето на одлуките, заклучоците и другите акти на Здружението
• Ги потпишува актите на Здружението
• Предлага програма за развој на Здружението
• Предлага начин и форми на финансирање на Здружението
• Предлага кандидати за членови на Управниот одбор
• Предлага кандидати за Потпретседатели и Секретар на Здружението
• Врши други работи што ќе му ги довери Собранието, Управниот одбор или произлегуваат од Статутот

 

ЧЛЕН 36

Функцијата Претседател на Здружението престанува:

• По сопствено барање и
• Со разрешување од Собранитето на Здружението

7.4. НАДЗОРЕН ОДБОР

 

ЧЛЕН 37

Здружението има Надзорен одбор.
Надзорниот одбор го именува и разрешува Собранието.
Надзорниот одбор го сочинуваат Претседател на Надзорниот одбор и двајца членови.
Претседателот и членовите на Надзорниот одбор не може истовремено да бидат и членови на Управен одбор.

 

ЧЛЕН 38

Надзорниот одбор ја следи примената на Статутот и програмата на Здружението и се грижи за работењето и имотот на Здружението.
Надзорниот одбор на Здружението врши надзор и контрола над материјално-финансиското работење на Здружението и користење на финансиските средства и по барање, најмалку еднаш годишно поднесува писмен извештај на Управен одбор и на Собранието.
Надзорниот одбор работи на седници што ги свикува и со нив претседава Претседателот на Надзорниот одбор.
Надзорниот одбор одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови.
Мандатот на членовите на Надзорниот одбор на клубот изнесува 4(четри) години, со право на реизбор.

8.ПРЕТСТАВУВАЊЕ И ЗАСТАПУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 39

Здружението го претставува и застапува Претседателот.
По негово овластување или во случај на спреченост Здружението го преставува потпретседателот или секретарот.

9. СРЕДСТВА НА ЗДРУЖЕНИЕТО, НАЧИН НА СТЕКНУВАЊЕ И РАСПОЛАГАЊЕ

 

ЧЛЕН 40

За остварување на своите цели и задачи, Здружението стекнува средстава и со нив располага во согласност со овој Статут и Закон.

 

ЧЛЕН 41

Здружението стекнува парични средства, предмети и материјални добра што се обезбедуваат од:

• Чланарина;
• Доброволни прилози, подароци од правни и физички лица;
• Спонзорства и донаторства;
• Приходи од продажба на стручна литература;
• Буџет;
• Други извори во согласност со законот.

 

ЧЛЕН 42

Начинот на располагање со средствата од Здружението го утврдува Управниот одбор на Здружението.

10.ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО СО РАБОТИ И РАПОЛАГАЊЕ СО ИМОТ ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕСТАНОК

 

ЧЛЕН 43

Здружението може да престане со работа доколку:

• За тоа има 2/3 мнозинство од сите членови на Здружението, одлучи Собранието на Здружението;
• Бројот на своите членови се намали под бројот определен со Законот;
• Настапи било која од причините утврдени со Закон, за престанок со работа на Здружението.
Во случај на престанок со работа на Здружението за имотот и средствата што остануваат одлучува Управниот одбор.

10. ЛИКВИДАЦИЈА

 

ЧЛЕН 44

Постапката за ликвидација е итна.

Со организацијата за ликвидација управува ликвидатор. Ликвидатор на Здружението е Претседателот на Здружението и истиот може со полномошно да овласти друго лице за спроведување на ликвидацијата.
Во постапката на ликвидација и именувањео на ликвидаторот престануваат овластувањата на органите и на застапникот. Застапувањето се пренесува на ликвидаторот со денот на отварање на постапката за ликвидација.

Одлуката за престанок со ликвидација и за именување на ликвидатор, се доставува до Регистарот во рок од три дена од денот на нејзиното донесување.

Во Регистарот се запишуваат податоците за ликвидаторот, а во името на организацијата се впишува ознака„во ликвидација“.

11.ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА СТАТУТОТ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

 

ЧЛЕН 45

Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот на Здружението може да поднесе секој орган или работно тело на Здружението.

 

ЧЛЕН 46

Иницијативата за измени и дополнувања на Статутот се поднесува во писмена форма до Собранието. Одлука за измени и дополнувања на Статутот се носи со 2/3 мнозинство гласови од вкупниот број членови на Здружението.

12. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

 

ЧЛЕН 47

Прашањата кои не се регулирани со овој Статут се регулираат со акти на Собранието и Управниот одбор на Здружението.

 

ЧЛЕН 48

Толкувања на одредбите на овој Статут дава Собранието, а помеѓу две седници на Собранието, Управниот одбор.

 

ЧЛЕН 49

Овој Статут влегува во сила на денот на донесување.

Здружение за организирање на транспарентно информирање ОТИ ГРУП. Скопје,