ЦЕЛИ И ДЕЈНОСТИ НА ЗДРУЖЕНИЕТО „ОТИ ГРУП“
„Оти Груп“ е здружение насочено кон развој и унапредување на медиумите, јавната информираност и дигиталната комуникација, како и кон промовирање на демократијата, граѓанското општество и човековите права.
Во остварувањето на својата мисија, Здружението има за цел да создаде професионална, инклузивна и стимулативна средина за развој на новинарството, зајакнување на младите и поттикнување на соработката меѓу медиумите, институциите, граѓанските организации и стручната јавност.
-
Унапредување и развој на медиумите
-
Унапредување на интернет-информирањето
-
Развој и унапредување на демократијата и граѓанското општество
-
Промовирање и заштита на човековите права и слободи
-
Поддршка и професионален развој на млади новинари
-
Поттикнување на професионализмот во новинарството и медиумите
-
Зајакнување на младите и создавање можности за нивен професионален развој
-
Поттикнување на соработката и размената на искуства
Начини на остварување на целите
Здружението „Оти Груп“ своите цели и задачи ќе ги остварува преку различни активности и дејности, во согласност со својата мисија, Статутот, законите и Уставот на Република Северна Македонија.
Здружението особено ќе реализира:
- Подготовка и спроведување на конкретни програми и активности во областа на медиумите, информирањето, демократијата, граѓанското општество и човековите права;
- Подготовка и реализација на локални, регионални и меѓународни проекти, самостојно или во партнерство со други организации и институции;
- Соработка со граѓански организации, медиуми, јавни институции, меѓународни организации, академски институции и други релевантни субјекти;
- Организирање на конференции, тркалезни маси, јавни дебати, форуми, трибини, семинари и обуки;
- Организирање на стручни и научни советувања, како и ангажирање експерти од различни области релевантни за дејноста на Здружението;
- Реализација на програми за едукација, обука и менторство на млади новинари и млади медиумски професионалци;
- Креирање, развој и одржување на интерактивна дигитална платформа/веб-страница, преку која ќе се презентираат активностите, проектите, публикациите и резултатите од работата на Здружението;
- Подготовка и објавување на студии, анализи, истражувања, публикации, едукативни материјали и медиумски содржини поврзани со областите на дејствување на Здружението;
- Организирање кампањи и активности за подигнување на јавната свест за прашања поврзани со демократијата, човековите права, медиумите, информирањето и граѓанското учество;
- Соработка и институционална комуникација со надлежните државни и локални институции, во согласност со мисијата и целите на Здружението;
- Учество во мрежи, платформи и иницијативи на локално, регионално и меѓународно ниво со сродни цели и активности;
- Спроведување и на други активности кои придонесуваат кон остварување на целите на Здружението, а кои се во согласност со Статутот, позитивните законски прописи и Уставот на Република Северна Македонија.
Принципи на дејствување во остварувањето на своите цели, „Оти Груп“ ќе се раководи од следните принципи:професионализам и интегритет;транспарентност и отчетност;професионална независност и непристрасност;почитување на човековите права и слободи;еднаквост и недискриминација;инклузивност и граѓанско учество;почитување на професионалните и етичките стандарди во медиумите;соработка и партнерство;почитување на законите и Уставот на Република Северна Македонија.„Оти Груп“ има за цел да изгради одржлива платформа за развој на медиумите и современото информирање, зајакнување на новите генерации новинари и медиумски професионалци, како и за промовирање на демократските вредности, граѓанското општество и човековите права.