info@oti-group.org

Write us...

+389 2 3217 815

Make a call

 Зајакнување на свеста кај граѓаните на Општина Чаир за грижата за јавните простори и животната средина

Зајакнување на свеста кај граѓаните на Општина Чаир за грижата за јавните простори и животната средина

Област: Заштита на животната средина, граѓанска одговорност и локален развој.

Во соработка со Општина Чаир, ОТИ ГРУП го разви проектот „Зајакнување на свеста кај граѓаните на Општина Чаир за грижата за јавниот простор и животната средина“.
Проектот е инициран од потребата за зголемување на граѓанската одговорност кон заедничките простори и поттикнување поразвиена култура на грижа за животната средина.

Главна цел
Да се зајакне свеста кај граѓаните за значењето на одржувањето на јавните простори, зачувувањето на чистотата и заштитата на животната средина во Општина Чаир.

Проблематика и потреба
Еден од предизвиците со кои се соочува Општина Чаир е загадувањето на јавните простори со отпад, како и оштетувањето на урбаната опрема и заедничките јавни добра.
Проектот се темели на идејата дека подобрувањето на состојбата на терен не зависи само од надлежните институции, туку и од свеста, ангажманот и одговорноста на секој граѓанин.

Активности и целни групи
Во рамките на проектот се предвидени активности за подигнување на свеста, чија цел е информирање и мотивирање на граѓаните, со посебен акцент на младите, за начините на кои можат да придонесат во:

  • Одржување на чистотата на јавните простори.
  • Спречување на неконтролирано фрлање отпад.
  • Заштита на урбаната опрема и јавниот имот.
  • Промовирање одговорно однесување кон животната средина.
  • Создавање заедничка култура на грижа за заедницата.

Резултати и значење
Проектот има за цел да го поттикне активното учество на граѓаните во заштитата на животната средина и да придонесе за создавање почисти, пофункционални јавни простори и попријатни услови за живеење.