info@oti-group.org

Write us...

+389 2 3217 815

Make a call

 Промовирање на наследството и вредностите на Мајка Тереза преку дигитална платформа

Промовирање на наследството и вредностите на Мајка Тереза преку дигитална платформа

Област: Културно наследство, општествена кохезија и промовирање на човечките вредности.

Во соработка со Владата на Северна Македонија, ОТИ ГРУП разви проект посветен на афирмација на животот, делото и наследството на Гонџа Бојаџиу – Мајка Тереза, една од најпознатите личности со потекло од Скопје.
Проектот има за цел, преку информативни и едукативни содржини, граѓаните подобро да се запознаат со нејзиниот живот, хуманитарната дејност и универзалните вредности што ги промовирала во текот на целиот свој живот.

Главни цели

  • Афирмација на ликот и делото на Мајка Тереза.
  • Промовирање на толеранцијата, емпатијата, солидарноста и општествената инклузија.
  • Зајакнување на кохезијата меѓу граѓаните од различни етнички заедници.
  • Промовирање на заедничкото културно и историско наследство.
  • Поттикнување на креативноста инспирирана од животот и делото на Мајка Тереза.
  • Активности и проектни производи
  • Проектот опфаќа два главни производи:
  • Документарен филм – посветен на животот, детството, хуманитарната дејност и наследството на Мајка Тереза.

Информативна интернет-платформа – замислена како дигитален простор за претставување историски, биографски, едукативни и информативни материјали за нејзиниот лик и дело.

Содржините го обработуваат детството на Гонџа Бојаџиу во Скопје, нејзината хуманитарна активност и вредностите што ги промовирала.
Посебно внимание им се посветува и на локациите во Скопје поврзани со нејзиниот живот, вклучувајќи го Спомен-домот на Мајка Тереза, местото на кое се наоѓала куќата во која живеело нејзиното семејство, како и други простори од историско значење.

Целна група
Проектот е наменет за жителите на Скопје, граѓаните на Северна Македонија, туристите што го посетуваат главниот град, како и за меѓународната јавност заинтересирана за животот и делото на Мајка Тереза.
Документарниот филм и содржините на платформата се предвидени да бидат достапни на три јазици: македонски, албански и англиски.

Значење и влијание
Преку овој проект, ОТИ ГРУП има за цел да придонесе за зачувување и промовирање на наследството на Мајка Тереза, претставувајќи ја како симбол на хуманизмот, солидарноста, толеранцијата и соживотот. Истовремено, проектот го промовира Скопје како град со значајно културно и историско наследство.

URL – https://majkatereza.mk/