10 Јан Собрание
- СОБРАНИЕ
ЧЛЕН 20
Собранието е колективен орган на Здружението, составено од сите членови.
Собранието работи на седници на кои претседава Претседател на Здружението. Организацијата и работата на Собранието се уредува со овој Статут, а Управниот одбор на Здружението може да донесе и Деловодник за работа на Собранието.
ЧЛЕН 21
Собранието работи на седници, кои се одржуваат најмалку еднаш годишно. Седниците на Собранието ги свикува Претседателот на Здружението по сопствена иницијатива. Седница на Собранието може да свикаат и 1/3 од членовите на Управниот одбор. Вонредна седница на Собранието може да се одржи по барање на една третина на членовите на Здружението. Вонредна седница на Собранието се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување.
ЧЛЕН 22
Собранието може полноважно да работи и да одлучува доколку на Собранието присуствуваат повеќе од половина од вкупниот број на членовите. Собранието донесува одлуки со мнозинство гласови од присутните членови, доколку за одредени прашања не е предвидено поинакво мнозинство со овој Статут.
За работата на Собранието се води записник што го потпишува Претседавачот на седницата, записничар и двајца заверувачи на записникот.
ЧЛЕН 23
Собранието на Здружението ги има следниве права, должности и одговорности:
- Донесува статут и Програма на Здружението;
- Врши измени и дополнувања на статутот и Програмата;
- Усвојува годишен извештај за работа и финансиски извештај и ги објавува на својата веб страна односно ги прави достапни на друг погоден начин;
- Доставува финансиски извештај до надлежни органи на државата управа, односно до органите на општината, општините на град скопје и Град Скопје, во случај кога користи средства од Буџетот на РМ, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа;
- Одлучува за промена на целта на Здружението;
- Одлучува за внатрешната организација и организационите форми на органите на Здружението;
- Избира и разрешува Претседател на Здружението;
- Избира и разрешува членови на Управниот одбор на Здружението;
- Одлучува за престанок на Здружението со 2/3 мнозинство гласови од сите членови на Здружението;
- Одлучува за други работи кои не се во надлежност на други органи на Здружението;
- Врши и други работи што произлегуваат од програмските определби или се утврдени со закон, со друг пропис или овој Статут и други интерни акти на Здружението.
ЧЛЕН 24
Собранието може да работи и донесува одлуки без присуство на членовите. Иницијативата за одржување на Собрание, без присуство на членовите е иста како и за одржување на Собрание на Здружението.
Членовите на Здружението гласаат со писмено потпишување на изјава со која се одлучува за или против предлогот на одлуката. Изјавата содржи предлог на одлуката, образложение, како и потребното мнозинство за нејзино донесување.
Одлуката се смета за донесена ако е потпишана во рок од 15 дена од денот на донесувањето на изјавата со предлог одлуката, од повеќе од половина членови на Здружението, освен ако се работи за прашања за кои со овој статут е предвидено друго.
Доколку одлуката не се донесе, од причина што за неа писмено не се изјасниле доволен број на членови на Здружението, Претседателот за нејзино донесување свикува Собрание.
ЧЛЕН 25
Правата, должностите и одговорностите на Собранието во итни случаеви ги врши Управниот одбор на Здружението, при што има обврска на првата наредна седница на Собранието да поднесе извештај за превземените активности.