ПРОМОВИРАЊЕ НА ГРАЃАНСКО НОВИНАРСТВО

КОНТЕКСТ

Сферата на медиумите претставува значаен фактор во развивањето и промовирањето на демократијата и принципите на граѓанското општество. Во таа насока, граѓанското новинарство се јавува како една од основите на демократијата, поттикнувајќи ги граѓаните активно да учествуваат во општествените процеси.

Благодарение на новите дигитални медиуми, граѓанското новинарство придонесува кон важен дел од содржините во рамки на традиционалните медиуми – како јавните, така и комерцијалните.

Во Република Македонија граѓанското новинарство е наоѓа во зачеток. Треба да се нагласи дека од нормативен аспект, не постојат законски одредби кои го оневозможуваат реализирањето на граѓанското новинарство. Повеќе анализи на состојбите во сферата на медиумите нагласуваат дека е потребно развивање на плуралноста во медиумскиот простор. Имено, во скорешните ЕУ извештаи за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциските процеси констатиран е „недостиг од вистински независно известување и недостиг од објективни информации од страна на мејнстрим медиумите“.

Граѓанското новинарство, во таа смисла, обезбедува можност за директно вклучување на граѓаните во детектирањето, анализата и перспективите на проблемите од јавен интерес. Додека онлајн медиумите можт да обезбедат одреден степен на интерактивност, истата е прилично ограничена. Дополнително, ниту еден медиум во земјата не постигнал позначаен успех во поглед на поголема вклученост на читателите, особено во поглед на граѓанското новинарство.

Здружението за транспарентно информирање ОТИ груп, како дел од својата посветеност на демократизацијата на медиумскиот простор во Република Македонија вложува континуирани заложби за развојот на овој сегмент на информирањето.