ПОТРЕБА

Здружението за транспарентно информирање ОТИ груп како носител и единствен реализатор на проектот е млада граѓанска организација со основна цел да промовира еден важен јавен интерес за македонските граѓани – пристапот кон слободно и независно информирање.

И покрај релативно краткиот период на постоење, Здружението се јавува како продолжение на дигиталната медиумска платформа Zhurnal.mk, кој е еден од водечките и најпопуларни информациски портали на албански јазик во земјата и во регионот.

Порталот остана доследен на визијата на основачите да се огради од политички и финансиски влијанија, опстојувајќи и растејќи исклучиво преку сопствени финансиски ресурси.

Сепак, од аспект на јавниот интерес што го промовира, беше констатирано дека оваа мисија не може да продолжи да се поддржува исклучиво преку комерцијални методи, што го иницираше создавањето на Здружението.