Основните проблеми врзани за развојот на граѓанското новинарство произлегуваат од недоволната информираност на граѓаните

ПОТРЕБА

Основните проблеми врзани за развојот на граѓанското новинарство произлегуваат од недоволната информираност на граѓаните за можностите за нивен придонес кон создавањето и дистрибуцијата на информации од јавен интерес, како и од недостатокот од простор наменет за овој вид на информирање.

Здружението за транспарентно информирање ОТИ ГРУП во рамки на своите континуирани заложби за развој на граѓанското новинарство иницираше дигитална платформа која што е интегрирана со порталот zhurnal.mk кој е најчитаниот портал на албански јазик во државата, како простор наменет за контрибуциите на граѓаните во поглед на презентирањето на информации од јавен интерес.

Клучните проблеми кои го оневозможуваат развојот на граѓанското новинарство во Северна Република Македонија се врзани за недостатокот од информираност на граѓаните за значењето на овој вид информирање и можностите за негова реализација.

Приоритетните потреби во поглед на овој проблем се однесуваат на развивањето на свеста за значењето на граѓанското новинарство за развојот на граѓанското општество и можностите на граѓаните да влијаат на општествените процеси преку овој механизам.

Активностите во склоп на проектот Развој и промоција на независно граѓанско новинарство во Општина Чаир се врзани за клучните проблеми во сферата на граѓанското новинарство – ниската информираност за концептот и ниската информираност за потенцијалите за негова реализација во рамки на македонскиот медиумски простор.

Предвидени се активности за промоција на концептот, со што ќе се прошири мрежата на заинтересирани граѓани; дополнително, предвидено е информирање за основните принципи на граѓанското новинарство; како и редовно објавување и истражувачка работа. Дополнително, фокусот на сегментот за граѓанско новинарство е на теми од областа на културата: информации од бласта на културата, културното наследство, критики и рецензии за дела од областа на уметниоста, есеи.

Пристапот се темели на претходната успешна пракса на Здружението за транспарентно информирање ОТИ груп во иницијативите за развивање на граѓанското новинарство во Македонија.

Минатите искуства покажаа дека граѓаните позитивно реагираат на можноста за дадат свој придонес во сферата на информирањето и генерално се заинтересирани да партиципираат во откривањето, промоцијата и решавањето на проблеми од јавен интерес преку независното граѓанско новинарство.