27 Јул Повик за прибирање понуди за развивање веб платформа за „Еко едукација“
ОТИ ГРУП – Здружение за транспарентно информирање, објавува повик за прибирање понуди од правни лица за развивање повеќејазична веб платформа за „Еко едукација“. Овој ангажман опфаќа развивање повеќејазична веб платформа со систем за управување со содржините (ЦМС), регистрација на интернет домен, обезбедување веб хостинг и превентивно и адаптивно одржување за период од една година.
Ве покануваме да ни ги доставите Вашите понуди по електронски пат на info@oti-group.org, најдоцна до 4 август 2025 година.
За активноста
Позадина
Вилјанието на отпадот врз човековата околина е многу големо, особено влијае врз здравјето на човекот, животната средина и социоеномскиот момент. Во нашата држава годишно се создава по повеќе од 350 кг. по жител или вкупно повеќе од 630 илјади тони отпад и затоа е особено важно да се воспостави модерен систем за управување со отпадот. Отпад е секоја материја или предмет што припаѓа во категориите на отпад а која создавачот или поседувачот го отфрла, има намера да го отфрли или од него се бара да го отфрли. Отпадот може да биде опасен и неопасен. Опасниот отпад виректно влијае врз здравјето на човекот и животната средина (водата, воздухо и почвата), а неопасниот отпад преку циркуларни иноватини модели може да се искористи во економски цели. Нашиот проект има повеќе цели, да ја подигне свеста за одговорно постапување со отпад преку семинари, медиуми, наставни и воннаставни активности, да ги презентира законскиоте обврски за управување со отпадот како за домаќинствата така и за компаниите, да создаде база на субјекти кои вршат собирање и обработка на различни видови отпад која ќе биде лесно достапна како за домажинствата така и за коммпаниите, да следи и презентира светски трендови и практиќи во управувањето со отпад.
Проектот ќе биде реализиран во неколку активности. Првиот дел опфаќа креирање на повеќејазичен модерен веб портал, лесно прилагодлив за сите уреди (десктоп, мобилен и таблет), кој ќе избилува со информации за видовите, клазифицирањето и управувањето со отпад, како и база на субјекти кои управуваат со различни видови отпад која ќе биде достапна за сите. Порталот ќе им помага на домаќинствата и компаниите на најбрз начин да дознаат какви обврски имаат околу отпадот и кој субјект може да управува со тој отпад.
Вториот дел опфаќа креирање на ПР текстови со едукативни кампањи, графички и видео материјали кои преку медиумите ќе бидат претставувани на пошироката јавност се цел подигање на свеста на граѓаните. Сите овие материјали ќе бидат дел и од веб порталот.
Општа цел на активноста
Да се изработи веб портал за Едукација кој ќе содржи информации за управување со отпадот на домаќинствата и компаниите.
Специфични цели
– Подигање на свеста за правилно класифицирање и управување со отпадот.
– Намалување на загадувањето на почвата, возухот и водите.
– Подигање на свеста за правилно селектирање и рециклирање на отпадот и негова повторна употреба.
Целна група на активноста
– Сите домаќинства и компании кои управуваат со отпад, ученици во основните и средни училишта.
Предмет на договорот за набавка
Предметот на договорот за набавка не е делив и за него ќе биде склучен договор за набавка.
Предметот на договорот за набавка вклучува
– Регистрација на интернет домен и обезбедување веб хостинг за период од една година;
– Развој на повеќејазична веб платформа со систем за управување со содржините (ЦМС);
– Превентивно и адаптивно одржување за период од една година.
Рокот за регистриање интернет домен и обезбедување веб хостинг е 10 август 2025 година. Рокот за изработка на веб платформата е 10 септември 2025. Рокот за превентивно и адаптивно одржување е 10 август 2026.
Критериуми за учество и утврдување способност на понудувачите
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
Место на изведување на активноста
Ангажманот и сите обврски што произлегуваат од него ќе се спроведуваат надвор од канцелариите на ОТИ ГРУП.
Начин на плаќање
Плаќањето ќе се изврши по целосната реализација на обврските што произлегуваат од предметот на договорот за набавка.
Краен рок за спроведување на активноста
Сите активности понудувачот е должен да ги спроведе во периодот од 10.08.2025 до 10.08.2026 година.
Изготвување и поднесување на понудите
– Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма.
– Најдоцна до 4 август 2025 година сите заинтересирани понудувачи треба да обезбедат и достават понуда за сите проектни активности.
– Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата кои се разменуваат се пишуваат на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо.
Начин на избор
– Во согласност со одредбите на договорот на проектот поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија, ОТИ ГРУП објавува повик за прибирање на понуди.
– При изборот ќе се земат предвид следниве критериуми:
1. Најниска цена.
– Сите понудувачи ќе бидат известени за резултатите од објавениот повик за прибирање понуди по електронски пат, најдоцна 5 дена по затворањето на конкурсот.
– Документите со назнака/предмет на пораката развивање веб платформа за „Еко едукација“ може да ги доставите електронски на info@oti-group.org . Нецелосните пријави и пријавите пристигнати по крајниот рок нема да бидат разгледувани.
Табела на понудата
| Услуги | Цена без ДДВ | ДДВ (18%) | Цена со ДДВ |
|---|---|---|---|
| Регистрација на интернет домен и обезбедување на веб хостинг за период од една година | |||
| Развој на повеќејазична веб платформа со систем за управување со содржините (ЦМС) | |||
| Превентивно и адаптивно одржување за период од една година | |||
| ВКУПНО |
ОТИ ГРУП Скопје
Скопје, 27 јули 2025