Членство

ПРАВАТА, ОБВРСКИТЕ И ОДГОВОРНОСТИТЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО

Во Здружение за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје членуваат основачите со еднакви права и одговорности со другите членови на Здружението.

Членувањето во Здружението е доброволно, без разлика на возраста, националноста и полот и се смета од моментот на потпишувањето на писмена изјава за пристапување и со издавање на членска книшка врз основа на одлука на собранието на Здружението.
Секој член е должен да плаќа чланарина утврдена со одлука на Извршниот комитет на Здружението.

Членовите на Здружението имаат права и обврски да се ангажираат за остварување на целите и задачите на истото врз основа на своите овластувања, можности и способности, а особено:

да управуваат со работата на здружението, да ги избираат органите и телата и да вршат надзор над нивната работа;
да користат правна, стручна и друга помош и услуги кои ги врши здружението;
да покренуват иницијативи предлози заради остварување на целите и задачите на здружението и
да учествуваат во обезбедувањето на средства на реализирање на целите и задачите, во согласност со одредбите од овој Статут, актите и одлуките на органите и телата на здружението.
да избираат и да бидат избрани во органите и телата на здружението
да бидат лојални на здружението и се залагаат за доследно спроведување на одлуките , ставовите и заклучоците на здруженито

За зачленување во здружението пополнете ја Апликација за зачленување на овој линк.