Цели и задачи

Граѓаните се здружени во Здружение за транспарентно информирање ОТИ ГРУП Скопје заради остварување на поширок заеднички и јавен интерес, a како основни цели и задачи на клубот се:

  1. Унапредување на медиумите
  2. Унапредување на интернет информирањето
  3. Развој на демократијата, граѓанското општество и човековите права
  4. Развој на демократија и цивилно општество
  5. Поддршка на програми за млади новинари

Во остварувањето на своите цели и задачи Здружението соработува со државни и меѓународни органи, организации , заедници, институции и други видови здруженија.

Здружението како правно лице, може да основа друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво, за остварување на неговите цели, интереси и активности, како и за финансирање на неговите функции утврдени со статутот.