Собрание

Собранието е највисок орган на Здружението и го сочинуваат сите членови на Здружението. Мандатот на членовите на Собранието изнесува 4 години, со право на неограничен реизбор. Собранието работи на седници. Собранието се состанува по потреба, а најмалку еднаш годишно. Седницата на Собранието ја свикува Претседателот на Здружението и тоа по сопствена иницијатива, по барање на Извршниот комитет, на Надзорниот одбор, или кога тоа ќе го побара најмалку една третина од вкупниот број членови на Собранието.

Ако по барањето претседателот на Здружението во рок од 30 дена не свика седница на Собранието, тогаш седницата ја свикува Извршниот комитет, Надзорниот одбор или иницијаторите. Собранието на клубот се свикува со праќање покана по писмен или елекронски пат до сите сите членови на собранието. Испраќањето на поканата се врши најдоцна 7(седум) работни дена пред одржувањето на Собранието.

Редовното собрание, се одржува најмалку еднаш годишно. Вонредна седница на собранието може да се одржи по писмено барање од една третина од од вкупниот број на делегати на Собранието.

Вонредната седница на собранието од ставот 2 на овој член се одржува најдоцна во рок од 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за одржување. Иницијаторите за одржување на вонредно собрание со иницијативата доставуваат и предлог на дневен ред по кој одлучува Извршниот комитет.

Извршниот комитет е должен да закаже вонредно собрание во рок од 30 дена од денот на доставување на барањето. Седница на Собранието на Здружението за работата на Извршниот комитет може да се свика и на предлог на Надзорниот одбор.

Собранието на Здружението:

  • Го носи, менува или дополнува Статутот на Здружението, програмата и други акти на Здружението;
  • Разгледува и одлучува по прашањата во остварувањето на целите и задачите на Здружението;
  • Носи одлуки,заклучоци, препораки, декларации и резолуции (во натамошниот текст акти) за решавање на прашањата кои се од интерес на Здружението, а особено за остварување на целите и задачите на истиот;
  • Носи одлуки за избор на Претседател на Здружението, Извршниот комитет и Надзорниот одбор на Здружението, постојани и повремени работни тела, како и одлуки за нивно разрешување;
  • Одлучува за зачленување или истапување на членството на Здружението во домашни и меѓународни органи, органиизации, заедници, институции и други асоцијации;
  • Констатира прием на нови членови и престанок на членување;
  • Ја следи материјално-финансиската состојба на Здружението помеѓу две собранија;
  • Го разгледуава и усвојува извештајот за работа на Извршниот комитет помегу две собранија;
  • Усвојува програма и програмска ориентација за работата на Здружението за работата од четири години, операционализирано во годишните програми;
  • Усвојува завршна сметка и финансиски план;
  • Усвојува годишен извештај.насоки и план за работа;
  • Расправа за постигнатите резултати од развојот на Здружението и дава насоки за понатамошен развој;
  • Одлучува за престанок на Здружението со двотретинско мнозинство;
  • Дава автентично толкување на одредбите на Статутот и актите на Собранието на Здружението;
  • Врши други работи утврдени со овој Статут.

 Собранието во вршењето од работите во својата работа може да пренесе дел од своите надлежности на друг орган или тело на Здружението.

На Собранието се одлучува со јавно гласање. Секој делегат има право на еден глас. Собранието може да работи ако на седницата присуствуваат повеќе од 1/ 2 (една половина ) од вкупниот број на делегати на Собранието.

Собранието одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на присутни делегати, доколку е исполнет кворумот, освен за донесување на статут и за негова измена и дополнување кога е потребно 2/3 мнозинство.