Претседател

Претседателот на Здружението го претставува и застапува Здружението, преседава со седниците на Собранието, истовремено е и Претседател на Извршниот комитет, се грижи за примена овој Статут и врши други работи утврдени со овој Статут.

Претседателот на Здружението се избира на седница на Собранието, од редовите на членовите на Здружението, со јавно гласање за време од четири години и можност за повторен избор. Собранието може да одлучи изборот на Претседател да биде со тајно гласање на предлог на една третина од присутните делегати на Собранието, на кое се одлучува за избор на Претседател на Здружението. Претседателот се избира со мнозинство од делегатите на Собранието.

Претседателот на Здружението:

  • Го претставува и застапува Здружението;
  • Ја утврдува политиката и начинот на извршувањето на актите на Собранието и Извршниот комитет на Здружението;
  • Дава инструкции и насоки за извршување на целите и задачите на Здружението;
  • Потписник е на актите што ги донесува Собранието и Извршниот комитет и на финансиските документи на Здружението;
  • Се грижи на остварување соработката на Здружението и меѓународната активност на истото;
  • Свикува седници на Собранието и Извршниот комитет и претседава со нив;
  • Предлага донесување на акти на Собранието и на Извршниот комитет;
  • Ги подготвува седниците на Собранието;
  • Врши други работи утврдени со овој Статут и актите на Собранието и Извршниот комитет на Здружението.

Претседателот на Здружението е одговорен за кршење и непочитување на овој Статут и актите во вршењето на своите права и должности.

За одговорноста на Претседателот одлучува Собранието со двотретинско мнозинство од делегатите на Собранието. Ако Собранието утврди одговорност на Претседателот на Здружението, мандатот му престанува по сила на овој Статут.

Во однос на финансиското работење со Здружението претседателот има целосна одговорност и одговара за материјалната штета доколку со своето работење ја направи на Здружението во случај ако таа е предизвикана со грубо невнимание или со намера да се предизвика штета и истата несомнено е утврдена во постапка утврдена со закон.