Надзорен одбор

Надзорниот одбор го именува и разрешува Собранието. Надзорниот одбор го сочинуваат Претседател на Надзорниот одбор и двајца членови. Претседателот и членовите на Надзорниот одбор не може истовремено да бидат и членови на Извршниот комитет.

Надзорниот одбор ја следи примената на Статутот и програмата на Здружението и се грижи за работењето и имотот на Здружението. Надзорниот одбор на Здружението врши надзор и контрола над материајлно-финансиското работење на Здружението и користење на финансиските средства и по барање, или најмалку еднаш годишно поднесува писмен извештај на Извршниот комитет и на Собранието.

Надзорниот одбор работи на седници што ги свикува и со нив претседава Претседателот на Надзорниот одбор. Надзорниот одбор одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. Мандатот на членовите на Назорниот одбор на клубот изнесува 4(четири) години, со право на реизбор.