Извршен комитет

Извршниот комитет е извршен орган на Здружението, во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности. Мандатот на членовите на Извршниот комитет на Здружението изнесува 4 (четири) години, со право на повторен избор, неограничен број на пати. Претседателот на здружението, истовремено е и Претседател на Извршниот комитет.

Извршниот комитет е извршен орган на Здружението и:

  • Ги спроведува статутарните и програмските задачи на Здружението и донесените одлуки, заклучоци на Собранието;
  • Прeдлага измени и дополнувања на Статутот;
  • Донесува и реализира годишна програма за работа согласно усвоената програма и програмска ориентација за работата на Здружението за четири години од страна на собранието;
  • Носи одлуки за склучување на спогодби и договори;
  • Ги подготвува седниците и работниот материјал за собранието,
  • Донесува одлуки за формирање на постојани и повремени комисии и ја насочува нивната работа;
  • Донесува соодветни правилници, како и одлуки за награди, пофалници и признанија;
  • Именува и разрешува секретар на Здружението;
  • Именува и разрешува благајник на Здружението;
  • Донесува одлуки за набавка и оттуѓување на основните средства;
  • Донесува одлуки по приговор на жалби;
  • Врши други делегирани работи од страна на органите на Здружението

 Извршниот комитет за својата работа е одговорен пред Собранието на Здружението. Секој член на Извршниот комитет е одговорен за своето работење особено за материјално – финансиското работење и носењето на одлуките кои се однесуваат на истото.

Членовите на Извршниот комитет одговараат со целиот имот доколку со своето постапување нанесат штета на Здружението освен во случаите кога во одлучувањето го издвоиле своето мислење на записник или ако не учествувале во одлучувањето. Извршниот комитет се состанува и одржува седници по потреба. Седницата на Извршниот комитет ја свикува претседавачот. Предлог за свикување на Извршниот комитет може да поднесе една половина од вкупниот број на членови на Извршниот комитет и една третина од членовите на Собранието.

Со седницата раководи и претседава претседателот, а во негово отсуство, оној член кој ќе го овласти претседателот. Начинот на свикување на седницата и други прашања од работењето на Извршниот комитет се уредуваат со деловникот за работа на Извршниот комитет. Со одлука на Извршниот комитет се формираат постојани и привремени работни тела. Извршниот комитет доколку има потреба може со одлука да формира привремени работни тела.